×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски најави изградба на детски градинки во „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“

    26.10.2021 18:31 | Сузана Николиќ

    Изградба на две нови детски градинки во населбите „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски на средба со граѓаните од населбата „Тоде Мендол“.

    Илиевски најави изградба на детски градинки во „Тоде Мендол“ и „Перо Чичо“

    „Овие детски градинки ќе овозможат нов капацитет на прием на дечиња од предучилишна возраст и со нивната изградба значително ќе се намали листата на чекање за упис. По детално спроведени истражувања за тоа каде има најголема потреба од градинки, заклучивме дека токму овие две локации се приоритет, со што на нашите најмали ќе им обезбедиме правилен раст и развој со изградба на современи објекти на детски градинки согласно највисоките европски стандарди, изградени со енергетски ефикасни и еколошки прифатливи материјали. Финанисрањето на изградбата на овие објекти ќе се врши дел од општински средства, а дел од Министерството за труд и социјална политика, како надлежно министерство“, објасни Илиевски.

    Тој истакна дека целта е за четири години целосно да се реши проблемот со недостик на места во градинките.

    „На најмалите да им обезбедиме соодветни услови за згрижување и социјализација. Секое дете заслужува место во градинка и растење со деца на своја возраст“, рече Илиевски.