Мени

Илиевски: Нека победи подобриот

31.10.2021 19:33 | Сузана Николиќ

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски, денеска го оствари своето граѓанско право и на локалните иѕбори гласаше на гласачко место во основното училиште „Христијан Карпош“.

Илиевски: Нека победи подобриот

„Ги повикувам сите граѓани да излезат на избори, за да покажеме демократски капацитет, да покажеме дека Куманово е слободарски и демократски град. Очекувам изборниот процес да биде мирен, граѓаните да си го остварат своето право и нека победи подобриот“, кажа Илиевски.