×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Илиевски: Успесите од државно ќе ги донесеме на локално ниво, да го одбереме најдоброто за Куманово

    15.10.2021 19:26 | Сузана Николиќ

    Со 120 милиони евра инвестиции од Владата имаме безбедна средина, современа инфраструктура и многу нови можности како што немало досега, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Оливер Илиевски на вечерашниот завршен настан на караванот „Најдоброто за мојата општина“.

    Илиевски: Успесите од државно ќе ги донесеме на локално ниво, да го одбереме најдоброто за Куманово

    „Нашата цел, да го пренесеме успехот од централно на локално ниво, уште подинамично и уште поенергично, да вложуваме во Куманово со политики кои од Куманово ќе направат метропола. Голем град сме, со значајна географска местоположба - дајте ја поддршката за Најдоброто, затоа што - Го заслужуваме!Куманово е и Македонија во мало и токму тој мултиетнички соживот е нашата движечка сила напред. Убеден сум дека само нашиот социјалдемократски концепт „Едно општество за сите„ е предуслов за просперитет. Ќе вложуваме во детски градинки, детски катчиња, мултифункционални игралишта. Да ја изградиме најдобрата инфраструктура. Гасификација за секое домаќинство и индустриска зона. Крај на прашањето за чисти реки и чиста животна средина, за канализациски и водоводни мрежи во руралните средини, работи за кои е срамно да се зборува во 21 век. Ќе го изградиме и најдобриот најмодерниот, европски плоштад, со градско шеталиште, подземни сообраќајници и подземно паркиралиште, проект кој многумина од вас сакаат да го видат во живо. Со инвестиции ќе се борам за младите да ни останат тука“, порача Илиевски.

    Тој ги повика граѓаните во недела да излезат масовно и да заокружат број 12.

    Носителката на советничката листа на СДСМ и Коалицијата Атина Мургашанска порача дека кумановци се непоколебливи и единствени и во недела ќе испишат уште една голема победа за СДСМ и Коалицијата.

    Таа истакна дека советничката листа е составена од 33 шампиони, кои се водат од идејата што можат да направат за својата општина.

    „Наша водилка била е и ќе биде, она што граѓаните го бараат од нас, како да го изградиме Куманово, каде да насадиме повеќе дрвја, кои улици да ги подобриме, како да го унапредиме животот на граѓаните затоа во недела ќе го направите најдобриот избор, ќе го заокружиме бројот 12, за советничката листа, за градоначалникот Оливер Илиевски“, повика Мургашанска.