Мени

Илија Струмениковски лауреат на „Денови на комедија“

03.10.2019 12:20 | KumanovoNews

 Актерот Илија Струмениковски е лауреат на годинашното издание на Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Илија Струмениковски лауреат на „Денови на комедија“

Наградата за особен придонес во уметноста и театарскиот живот во Куманово му беше врачена на отворањето на фестивалот.

Како една од најкарактеристични улоги во неговата кариера е ликот на Ќор Петко, кој го игра во првата претстава на кумановската драма „Ленче Кумановче“, работена според драмата „Бегалка“ од Васил Иљоски.

Наградата го поттикна Струмениковски да се потсети на деновите кога за првпат ја играл оваа улога и му ги врати чувствата за времето кога настапувал пред кумановската публика.

„ Ќор Петко знаеше да се приклучи на правата страна на барикадата. Во самата претстава истото тоа го прави на крај на целата радост кога се простуваат Ленче и нејзиниот татко Аџи Трајко, на тетката Мирса која се противеше на бракот на Ленче и Бошко и вика цркни Мирсо. Кумановската публика секогаш знае дека мое задоволство е да играм пред вас. Затоа ве оставам во добро расположение и добро здравје“, - изјави актерот.

Актерот Струмениковски во текот на својата кариера има оставено огромно богаство и на филмското платно и во театарот, од кое младите има што да учат.

Се издвојуваат улогите во: филмопт „HI5“, „Црвениот коњ“, улогата на Јанко во филмот „Се борат за смррт“ за која има освоено награда за најдобра машка улога на Меѓународниот филмски фестивал во Драма, Грција, како и неговата улога во минатогодишниот филм „Ругање со Христос“, а исто така и улогите во многу култни серии како „Наши години“, итн.

Во филмот „Борба за смрт“, заедно со неговиот колега Мите Грозданов, толкуваат улоги на двајца старции кои се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село. Преку маестралните улоги на овие двајца актери се отвораат дилемите за тоа што ќе се случи ако на човек кој сиот свој живот го свел на исчекување на смртта, однеднаш некој ќе му гу уништи планот за умирачка.

Актерот Илија Струменовски освен што се занимава со театарската и филмската уметност, исто така веќе 50 години се занимава и со ликовна уметност и досега има организирано многу самостојни ликовни изложби на своите сликарски дела.