Мени

Инцидент по натпреварот Куманово - Пелистер: Се степале навивачи, нападнати полицајци, оштетени возила

17.11.2025 13:27 | KumanovoNews

Приведен е 23-годишен кумановец затоа што оштетил возила на гостинската екипа, по завршување на натпреварот Куманово – Пелистер. 

 

Инцидент по натпреварот Куманово - Пелистер: Се степале навивачи, нападнати полицајци, оштетени возила

Во 21:00 часот во Куманово, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. 

„Притоа, кумановецо е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.