Инцидентот во „Перо Чичо“ е сценарио на ВМРО-ДПМНЕ, вели Дамјановски
„Една граѓанка не знам од која причина вчера на сред прес-конференција, без да биде испровоцирана, упадна со десетминутен монолог и ме нападна.

Јас и сугерирав да не остави да завршиме со известување до граѓаните, а потоа да разговараме. Немаше никаква агресија од моја страна ниту од луѓето кои беа со мене, бидејќи имавме трпение и го слушавме нејзиното излагање. Претпоставувам дека целото сценарио на оваа голема глума е на ВМРО. Гледам вчера само сегменти, монтирани делови од монологот на госпоѓата објавени на порталите и медиумите на ВМРО. Јас лично немам ништо против таа граѓанка, напротив подоцна седевме и се договоривме во многу убава комуникација како да се реши проблемот што ја засега. На крај нашиот разговор заврши со поздравување, за да денеска одредени сегменти од нејзиниот монолог се користат за напад врз мене, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, одговарајќи на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за вербалниот инцидент во населбата “Перо Чичо“.