×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инфо денови за ИПАРД во Куманово, Липково и Нагоричане

    07.08.2015 13:28 | KumanovoNews

    До крајот на месецов во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане ќе се одржат Инфо денови за запознавање со ИПАРД програмата.

    Инфо денови за ИПАРД во Куманово, Липково и Нагоричане

    Инфо деновите ги организираат Платежна агенција, Министерството за земјоделство и Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

    “На 25 август ќе бидеме во кумановските села Клечовце и Стрезовце,  на 26 во Старо Нагоричане, Никуљане и Младо Нагоричане, а потоа е општина Липково на ред на 27 во село Липково и Никуштак.  Жителите директно ќе се запознаат како да аплицираат и да кажат кои проблеми ги имаат. Значи директни средби на овие три институции со земјоделците“- вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

    Во меѓувреме е отворен конкурсот за аплицирање за ИПАРД програмата.