Инклузивни паметни училници и лифткар дoби училиштето „Крсте Мисирков“
Инклузивни паметни училници во кои се поставени 46 паметни екрани со 3Д реалност, како и три лифткар гасеничари за лицата со попреченост доби Основно училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово.

Вкупната вредност на проектот е 2.097 .820 денари, обезбедени од Швајцарската амбасада и Министеството за локална самоуправа, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
Примарната цел на проектот е создавање на вештини кај учениците за креативно размислување преку користење на паметни екрани со едукативни апликации збогатени со 3Д реалност. Преку овој проект целосно се интегрираат над 40 ученици со посебни образовни потреби во редовната настава и им се обезбедува еднаква можност за пристап до секоја инклузивна паметна училница.
Амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Техада вели дека фокусот на овој проект е образованието и социјалната инклузија или поточно создавање на еднакви можност за користење на нови алатки за сите ученици.
„Социјалната инклузија е тема на којашто Швајцарија навистина става голем фокус и акцент. Така што ова е согласно со нашите напори и фокус да имаме социјална инклузија и лицата со посебни потреби да можат да го следат образовниот проецес “,- изјави амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, вели дека регионалниот економски развој е главната цел на Владата и тоа е предуслов за зајакнување на екомскиот и социјалниот развој на регионите.
„ 2000 ученици во двете училишта и 40 деца со инклузивност ќе ги користат помагалата за движење помеѓу спратовите, но бидејќи се мобилни ќе можат да се користат во целата општина со најразлични потреби. Со овој проект се опфатени и две други општини Ранковци и Старо Нагоричани. Се надевам дека ќе продолжиме и со Општина Куманово и со заедно со Швајцарската агенција да финансираме вакви проекти коишто се иновативни и коишто значат примена на соверемени технологии во најразличен оддел“, - посочи министерот Милевски.
Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека ова е пример за сите воспитно-образовни институции како треба во иднината да се реализира наставата.
„ Овие инклузивни паметници ученици всушност функционираат на дело и го унапредуваат воспитно образовниот процес. Верувам дека во иднина ќе го следат и другите училишта овој позитивен пример“,- додаде Димитриевски.
Александар Јовановиќ, директорот на ОУ „Крсте Мисирков“, вели дека најстарото училиште по градба станува најсофистицирано.
„Бидејќи нема простор да се имплементира лифтови, гасеничарите ќе се користат и за лица со попреченост но и за деца кои поради повреда не биле порано во можност да посетуваат настава. Да излеземе од еднократниот шаблон на предавање со нови начини, видео презентации и да ја направиме наставата поинтересна“,- вели Јовановиќ.
Во 2019 година Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа финансираа 16 проекти со вкупен буџет 1.154.000 швајцарски франци со цел поттикнување на одржлив и инклузивен рамноправен регионален развој.