Интензивно работиме на проблемот со загадувањето, тврди Димитриевски
По денешниот протест против аерозгадувањето во Куманово, се огласи градоначалникот Максим Димитриевски, кој вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните поради генералниот проблем со загадувањето на воздухот, на кој интензивно работат на негово решавање.

„Ја разбирам загрижеността на граѓаните поради загадувањето на воздухот во нашата општина. Тоа е генерален проблем, на кој интензивно како општина работиме. Дел од мерките што ги споменува граѓанската иницијатива „Мaкедонија се гуши“ се веќе реализирани, но секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојдена. Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина, и секој од нас треба да се запраша колку допринесува за тоа, колку е разбудена свестта кај нас за чиста животна средина“, - соопшти Димитриевски.