×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и системот добро функционира, кажа Додевска

    12.05.2021 14:06 | KumanovoNews

    Процесот на масовна имунизација против корона вирусот се одвива со добра динамика и темпото на вакцинација и во Куманово и во државата расте од ден во ден, системот функционира без големи потешкотии, кажа Марина Додевска од СДСМ.

    Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и системот добро функционира, кажа Додевска

    „Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, до сега се пријавиле 256.346 граѓани за вакцинација. Податоците дека за само еден ден се вакцинирани 13.725 граѓани и дека над 30% од повозрасните граѓани (над 70 години старост) примиле барем една доза, а од ден на ден оваа бројка интензивно расте, се доказ дека процесот на масовна имунизација на населението се спроведува одлично“, кажа Додевска.

    Во нашата држава досега се вакцинирани над 119.000 граѓани, од нив 21.890 примиле две дози вакцина против корона вирусот. Во кумановскиот регион се вакцинирани околу 8550 граѓани со вакцината „Синофарм“ и 1500 со Фајзер и АстраЗенека вакцините.

    „Само со масовна имунизација ќе успееме да ја победиме пандемијата, а одговорноста е кај секој од нас, за себе и за најблиските. Упатуваме апел до граѓаните да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни и нема контра индикации“, заврши Додевска.