×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интернисти од Скопје и Штип ја организираат работата на инфективното одделение во Куманово

    05.04.2020 18:08 | KumanovoNews

     Двајца лекари специјалисти од болниците во Скопје и Штип доаѓаат на испомош на колегите на  инфективното одделение во Кумановската болница, откако се намали бројот на здравствени работници, поради заразата од коронавирус, објави министерот Венко Филипче.

    Интернисти од Скопје и Штип ја организираат работата на инфективното одделение во Куманово

    Тој рече дека целосно е активиран механизмот на поддршка на колегите од страна на лекари и медицински сестри како од клиниките, така и од другите јавно-здравствени установи ширум државата - по систем на ротација да ги поддржат вработените/персоналот во овие центри посветени само на третман на пациенти дијагностицирани со КОВИД-19.

    Во државата се регистрирани 52 случаи на заболени здравствени работници. Од нив, 34 се заболени во болнички - амбулантски услови. Меѓу нив се и 15 медицински лица од Куманово.

    -  Со оглед на тоа што некаде има и лекари и тука е компромитирана работата, како на пример инфективното оддление во Куманово, таму веќе се во функција двајца други лекари-интернисти, коишто ја организираат работата на одделението. Еден е од Скопје другиот од Штип, - изјави Филипче.

       Тој испрати порака до здравствените работници, максимално да ги почитуваат протоколите, кои ги имаат од самиот почеток на пандемијата, да се штитат на работните места, но и надвор од нив.

    -  Тоа значи дека треба да се пазат постојано, заради тоа што улогата на здравствените работници - здравјето на здравствените работници е од примарно значење во овој момент во државата. Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравјето на здравствените работници. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размени, така ќе останат здрави тие што се здрави и ќе бориме против вирусот, ќе ги излечиме луѓето кои се во овој момент заболени, истакна Филипче.

    Министерoт најави дека утре ќе разговара со Комисијата за заразни болести и можно е на Владата да и предложат да се воведат порестриктивни мерки како превенција од ширењето на коронавирусот.

    - Бројот на заболени во наредните денови дополнително ќе расте. Сеуште остануваат прогнозите на пикот дека ќе биде на крајот на април и очекуваме дека ќе биде околу 2000 пациенти, иако многу фактори влијаат на овие предвидувања, - кажа министерот.

    Филипче упати апел до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките. Физичките контакти да се сведат на минимум и граѓаните да се штитат од секоја ризична комуникација или движење. Еден од главните проблеми е што практично има и асимптоматски носители на вирусот, а ширењето на овој начин од овие носители може да се спречи само со седење дома, односно со изолација.