×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интервју со Бране Петрушевски:Ќе покажам дека во политиката може да се влезе и излезе чесен и со чист образ

    11.07.2020 17:12 | KumanovoNews

    Јас никогаш нема да дозволам да го извалкам мојот или образот на моето семејство. Заложба ќе ми биде пред зборот пратеник, да ја вратиме придавката народен. Тоа е суштината на постоењето на законодавниот дом како претставничка институција на граѓаните. Во овие историски моменти за нашата држава, јас на функцијата пратеник не гледам низ призма на некаква си привилегија, туку единствено како жртва.

    Интервју со Бране Петрушевски:Ќе покажам дека во политиката може да се влезе и излезе чесен и со чист образ

    Кој е Бране Петрушевски, кажете ни за Вашето кумановско потекло?

    На долго и на широко ќе треба да раскажувам за моето кумановско потекло, не знаејќи од каде да почнам. Дали од еден од моите прадедовци Ѓоше од „Карап маала“, кој бил шнајдер во дуќан, тогаш лоциран на местото на сегашната зграда на Комитет, или пак да пишувам за моите дедовци, од кои едниот Бранко, познат по прекарот „Белич“, бил шеф на погон кројачница во „ЧИК“, или другиот Ѓуро, кој за жал не успеав да го запознаам, а бил државен и општински чиновник. Бабите, од кои едната Радмила и буквално учествувала во градењето на она што подоцна стана гигантот „ЧИК“, или моите родители Круме и Нада кои се најзаслужни за моето домашно воспитување и за всадување на вредностите и принципите по кои и ден денес се водам. За себе можам да кажам, јас и оние што ме познаваат дека сум „типичен кумановец“ во секоја смисла на зборот: ведар дух, енергичен и друштвен карактер. Инаку сум дипломиран инжинер по информатичка технологија на ПМФ, со долгогодишно работно искуство во ИКТ секторот на „Царинската управа на Република Македонија“ каде имам работено на многу проекти, домашни и интернационални, со бројни домашни и странски признанија.

        Зошто започнавте да се занимавате со политика?  Кои беа вашите политички идоли?

    Без разлика на општата перцепција за политиката во Македонија, јас сè уште ја сметам за благороден повик преку кој можеш да ги смениш работите во општеството. Според мене, со политика треба да се занимавват луѓе кои имаат нови, добри идеи, луѓе кои во неа гледаат шанса да ги изреализираат истите. Јас сакам да покажам, и ќе покажам, дека е сосем возможно во политиката да се влезе и излезе чесен, со се надевам барем мал придонес за подобро живеење на сите нас во Македонија. Во политиката, и општо во животот, немам идоли туку идеали, се водам од моралните принципи и кодекси, и се обидувам да се надградувам и растам секој ден како на приватен, така и на професионален план. Инаку, ако морам да издвојам, ја почитувам работата на Конрад Аденауер, германскии канцелар и ко-основач на CDU, или на пример, Роберт Шуман, француски премиер и реформатор, еден од основачите на ЕУ.

     Покрај стравот од коронавирусот, на што најмногу се жалат граѓаните и што очекуваат прво да преземете доколку дојдете на власт?

    Не е проблем единствно стравот од коронавирусот, туку лошото менаџирање на кризата и економскиот удар што истата го предизвикува врз граѓаните и стопанството. Затоа ние како сериозен политички субјект изготвивме преодна стратегија за справување со здравствената и економската криза, која ќе ја реализираме во првите 100 дена од новата Влада. Инаку, жално е што во 21-от век  кумановци најмногу се жалат на комунални и инфраструкурни проблеми како немање канализација, водовод, асфалт и сл. што за жал е директна последица на триесет годишното владеење на СДСМ во Куманово. Иако овие проблеми треба да ги решава локалната власт ќе се обидам да направам спојка помеѓу владата и локалната власт и со дополнителни финансиски инјекции до општината да ги решаваме овие проблеми. Беспарицата и невработеноста се горлив проблем на кумановци кој мора да го решаваме.

     Кои се проектите за Куманово и кумановско за кои ќе се залагате во Собранието?

    Покрај бенефитите од нашите идни економски политики, како зголемување на просечната плата и зголемување на пензиите, или бенефитите од образовните, здравствените, културните политики, кои заедно со другите граѓани ќе ги почувствуваат и кумановци, мој приоритет ќе биде заживување на индустриската зона во Речица и привлекување на странски инвеститори, гасификација на Болницата, како и реалицација на капиталните инфраструктурни проекти – екпресен пат и железничка пруга од Куманово до Бугарија.

     Очекувате ли голема поддршка од вашите сограѓани?

    Не само што ја очекувам, туку веќе ја чувствувам таа огромна поддршка од кумановци. Верувам дека на овие избори ќе бидам најпозитивното „изненадување“ на политичката сцена во нашиот град, со што ќе добијам шанса да го покажам сиот свој потенцијал. Убеден сум дека може поинаку и различно од сè до сега.

     ВМРО-ДПМНЕ веќе 30 години е во опозиција на локално ниво. Каде грешите, поради што кумановци не ви ја даваат поддршката?

    Јас повеќе би рекол дека е сплет на многу околности, отколку дека ние долго време некаде грешиме. Волјата на народот е непрокосновена и секогаш мора да се почитува. Ние учиме од грешките, се менуваме и сме убедени дека на следните локални избори ќе ја добиеме шансата да им покажеме на нашите сограѓани дека може подобро и поинаку. А дотогаш, ќе работиме вредно, да ја придобиеме наклонетоста на кумановци.

     Кои се работите во политиката за кои никогаш нема да замолчите?

    Пред сè, пред неправдата, нечесноста и понижувањето на човечкото достоинство, но и пред непрофесинализмот, и ова без разлика на партиската припадност. Секој, ама буквално секој мора да одговара за сите свои постапки. Јас никогаш нема да дозволам да го извалкам мојот или образот на моето семејство. Веќе реков, ќе покажам дека во политиката може да се влезе и излезе чесен и со чист образ.

     Од она што е понудено од сите учесници во Втората изборна единица, очекувате ли квалитени пратеници од Куманово, кои ќе се борат за интересите на своите гласачи, а нема да се само безгласна гласачка машина?

    Се слагам со констатацијата во прашањето дека генерално, но особено пратениците од власта, кои ја носат најголемата одговорност за процесите во државата, се безгласна гласачка машина. Јас, а граѓаните уште повеќе, не знаат кои се нивните претставници од власта во законодавниот дом, а камо ли да слушнат и запомнат некое нивно суштествено обраќање или заложба. За сегашната „понуда“ можам да зборам единствено за кандидатите од нашата листа, каде имаме еден совршен спој на младешката пркос и полетност, со мудроста и искуството на повозрасните кандидати. Заедничка наша заложба ќе биде пред зборот пратеник, да ја вратиме придавката народен. Тоа е суштината на постоењето на законодавниот дом како претставничка институција на граѓаните. Во овие историски моменти за нашата држава, јас на функцијата пратеник не гледам низ призма на некаква си привилегија, туку единствено како жртва. Сега на Македонија и е потребно жртвување!