×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интервју со д-р Пол Ајдсон: Преку Еуро Колеџ до американска диплома

    09.09.2021 13:29 | Сузана Николиќ

    Д-р Пол Ајдсон претседател на Аполос Универзитетот од САД престојуваше во Македонија во посета на Еуро Колеџ – Куманово каде ги претстави предностите од соработката помеѓу овие две образовни институции и можностите за македонските студенти да студираат и да завршат студии во САД.

    Интервју со д-р Пол Ајдсон: Преку Еуро Колеџ до американска диплома

    Која беше причината за Вашето патување во Северна Македонија?
      
    Јас бев поканет од д-р Љубиша Петрушевски од Еуро Колеџ да ја посетам Северна Македонија за да учествувам во проектот Еразмус плус. Држев семинари на додипломски и на постдипломски студенти кои учествуваат во проектот. Темата на семинарите беше „Стиловите на лидерството и менаџментот“, а предавањата се одвиваа на англиски јазик.
     
    Бидејќи ова е првпат да сте во нашата земја, каков е Вашиот првичен впечаток?
     
    Северна Македонија е романтична и убава земја. Граѓаните се пријателски расположени и љубезни кон мене како странец. Бев импресиониран од заживувањето на архитектурата во Скопје и природната убавина на селата. Имав доволно среќа да можам да го посетам Охрид и бев фасциниран од природната убавина на Охридското Езеро и околниот пејзаж. Црквите во градот се вистинско историско ремек-дело и воодушевен сум од обновувањето и одржувањето на овие прекрасни богатства.
     
    Имавте неколку семинари со локалните студенти. Дали се подготвени да слушаат часови само на англиски јазик?
     
    Да, локалните студенти беа активно вклучени во дискусиите за време на семинарите. Тие беа внимателни и ги користеа своите вештини за критичко размислување кога беа во допир со темите на семинарот. Англискиот воопшто не беше проблем. Одговорите дадени од локалните студенти укажаа на високо ниво на разбирање на англискиот јазик.
     
    Која е Вашата врска со Еуро Колеџ?
     
    Јас сум заедно со Еуро Колеџ околу 10 години. Еуро Колеџ и мојот универзитет, Универзитетот Аполос (Apollos University), имаат Договор за образовно партнерство преку што им нудиме на студентите можност да студираат на Еуро Колеџ, а потоа по дипломирањето, Аполос може да пренесе кредити од Еуро Колеџ, за да студентот потоа стидира за да добие и Аполос американска диплома. Ова опција им нуди на студентите на Еуро Колеџ можност да се стекнат со диплома и од Северна Македонија и од САД.
     
    Кои се шансите некои студенти кои студираат на Еуро Колеџ да ги завршат студиите во САД?
     
    Постојат многу можности студентите да ги завршат нивните студии во САД. На пример, ние од Аполос сме во можност да го направиме ова преку веќе постоечката методологијата на далечинско учење. На пример, студенти на додипломски студии кои дипломираат на Еуро Колеџ, можат да аплицираат во Аполос и да се стекнат со задолжителните 30 кредити, кредити за општо образование и да дипломираат со диплома од САД. Исто така, дипломираните студенти на Еуро Колеџ можат да аплицираат за магистерски или докторски програми понудени од Аполос и ќе бидат прифатени врз основа на нивната
    диплома добиена од Еуро Колеџ.  Можностите за Еуро Колеџ студентите ќе се зголемат идната година кога се надеваме да добиеме кампус акредитација, што ќе значи дека студентите можат да завршат дел од образованието во Куманово а потоа преку нас да добијат студентска виза и да го довршат нивното студирање во САД.