×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Интервју со Емилија Кукуњавска: Да го направиме образованието инвестиција, а не трошок

    08.07.2020 19:27 | KumanovoNews

    Твоја е поинаква партија, која ќе дејствува на поинаков начин, која ќе понуди поинакви решенија и ќе овозможи поинакви резултати. Твоја на изборите ќе настапи во три изборни единици под број 15. Носител на листата во нашата ИЕ2 е професор Ѓорѓе Марјановиќ, почесен носител со сиот респект поради поддршката којашто ја добивме од него. Втор на листата е професор Трпе Стојановски, а трета сум јас. Претседавач на Твоја е Александар Тортевски, воедно и кандидат на листа на пратеници во ИЕ1, каде што носител е професор Мирјана Најчевска. Една од посебните цели на ТВОЈА е заштита и унапредување на животната средина и реформи во образованието.

    Интервју со Емилија Кукуњавска: Да го направиме образованието инвестиција, а не трошок

     Кажете ни која е Емилија Кукуњавска. За Вашето кумановско потекло?

    Емилија Петровиќ Кукуњавска е професор во основно училиште, предава математика скоро 25 години и има дипломирано на ПМФ. Потекнувам од стари градски семејства, од страна и на двајцата родители, татко Борис Кукуњавски, академски сликар и мајка Драга Кукуњавска службеник во Љубљанска Банка, моментално пензионер. И двајцата беа целосно посветени на професијата и на збогатувањето на уметничкиот и  културениот живот во Куманово. Благодарение на нив, имам убав и исполнет живот со високи вредности. Ме научија да бидам своја и да се спротивставувам на се' она што стои на патот на нормален и достоинствен живот.

    Зошто одлучивте да се занимавате со политика?

    Ова не ми е прв ангажман во политиката, првото мое политичко искуство го стекнав во граѓанското движење „К'т ако не с'к“ и сум многу горда на цел тој концепт на делување и резултатите кои ги постигнавме. После 6 години, се појави идеја, а и потреба да се создаде политичка партија како што е ТВОЈА. Една поинаква партија, која ќе дејствува на поинаков начин, која ќе понуди поинакви решенија и ќе овозможи поинакви резултати. Случајно се најдов со луѓе со кои делам исти идеи, исти незадоволства, исти фрустрации поради ситуацијата во која се наоѓа мојата држава и без размислување влегов ентузијастички да допринесам колку можам за подобра иднина

     За што ќе се залагате доколку станете пратеник?

    Во образованието сум скоро 25 години, ако станам пратеник ќе се залагам за реформи во образованието, оние вистински, реални, да го направиме образованието инвестиција, а не трошок. Образование кое ќе овозможи секој поединец да го достигне максимумот на својот потенцијал. Образование од кое млади ќе бидат задоволни и компетентни за да го движат општеството напред.

     Кои се начелата и принцирите по кои се води Твоја партија?

    Твоја Партија се залага за постепен нaпpeдокот кој ќе биде инклузивен и достапен за сите. Твоја се залага за одговорност од сите досегашни и идни политичари и одговорни лица со бескомпромисна борба против Корупцијата на сите нивоа во власта и општеството, и  испитување на потеклото на имотот до ниво на ригидност. Твоја се залага за намалување на министерства и јавна администрација со цел постигање подобри резултати и градење професионални јавни службеници а не товар за државата и исплата на партиски членови.

     На што е заснована Вашата програма? Зошто граѓаните треба да ви дадат поддршка?

    ТВОЈА нема класична програма како останатите партии, ние имаме приоритети. Нашите приоритети се свртени кон квалитетен живот. Одговорноста да биде правопропорционална со функцијата. Оживување на животната средина којашто е мртва. Образованието да стане наша најголема инвестиција во иднина на нашите деца. НЕ за партизација и форсирање на професионалност.

     Што сакате да смените и на кои проекти ќе инсистирате во Куманово, ако ја добиете довребата на граѓаните?

    Сето она што треба да се смени во државата треба да се смени и во Куманово. Време е да се искорени партизацијата од сите јавни институции и да се стави акцент на професионалноста.

    Во Вашата партија членуваат истакнати универзитетски професори и врвни професионалци. Која е идејата околу која се собравте?

    Голема чест и задоволствоство ми е што се најдов во едно такво друштво. Тоа се луѓе професионалци коишто оставаат трага со своите делувања и постигнати резултати,а се одлучија сето тоа нивно богато искуство да го пренесат на нас, останатите поддржувачи и делувачи во ТВОЈА. Милуваме да кажеме дека го најдовме и се собравме по заеднички именител. Ние немаме лидер, така ни се поставени работите, сите сме различни а сепак еднакви, сите докажани професионалци во својата област и тоа не' прави уште посилни. Претседавач на Твоја е Александар Тортевски, воедно и кандидат на листа на пратеници во ИЕ1, каде што носител е професор Мирјана Најчевска.                                                               Ние немаме штабови, немаме месни комитети, и не планираме да имаме. Идејата беше да создадеме интернет партија која ќе делува онлајн и ќе создава модерна држава. Твоја на изборите ќе настапи во три изборни единици меѓу која е и нашата, ИЕ2.                             Носител на листата е Професор Ѓорѓе Марјановиќ почесен носител со сиот респект поради поддршката која ја добивме од него. Втор на листата е Професор Трпе Стојановски, од Факултет за безбедност, прекрасен човек, голем професионалец. Трета на листата сум јас.

    Еден од главните проблеми во нашата земја е уништувањето на животната средина, пред се' големото загадување на воздухот. Имате ли стратегија за решавање на овој проблем?

    Една од посебните цели на ТВОЈА е заштита и унапредување на животната средина. Тргнуваме од фактот дека животната средина во Македонија е мртва и ќе работиме на тоа таа да се реанимира, со сите средства кои ни стојат на располагање – со постојано зголемување на зелените површини, заштита на ендемски видови растенија и животни со проширување на заштитените подрачја, забрана на издавање дозволи за градење и забрана за легализација на дивоградби кои на било кој начин ја загрозуваат животната средина, отстранување на што е можно поголем број  објекти кои негативно влијаат врз животната средина. Започнување широка акција за ревитализација на опустошените простори на државата, донесување решенија во склад со реонски планови за одржување и зголемување на биодиверзитетот и екосистемите. Воведување мерки со кои се обезбедува – 100% забрана на неоправдана сеча на шума. Ќе се гради стратегија за зголемување на улогата на обновливата енергија со максимално намалување на производството и употребата на фосилни горива и употреба на чисти енергии – сонце, ветер.

    Нашето мото е #НеСмеСоСите ние сме од ТВОЈА!

    (С.Н.)