Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ИПА Регион Куманово ги повикува своите членови да се приклучат на традиционалната хуманитарна акција, која ќе се одржи во сабота од 10 до 15 часот во нивните просториите на булеварот „Октомвриска револуција“.
Ќе се собираат прехрамбени артикли, средства за лична и колективна хигиена и стари алишта, или парични средства во касата која ќе биде поставена во канцеларијата.
„Ова акција ја спроведуваме повод 7 Мај- Денот на полицијата, и до сега секогаш имавме успешни кампањи. Годинава доцниме малку, поради претходно договорени обврски, но сепак продоложуваме со хуманираната работа. Се повикуваат сите ИПА членови и ИПА пријатели, партнери и подржувачи да земат активно учество во оваа хуманитарна акција“, велат организаторите.
Собраните средства ќе бидат донирани на Општинската организација на Црвен крст Куманово, кои ќе ги поделат на семејства под социјален ризик.
Акцијата се организира последните 10- тина години.