Исчезна жена од Алгуња
09.07.2015 11:25
| KumanovoNews
Жена од селото Алгуња исчезнала, откако минатата недела излегла од дома и повеќе не се вратила.

Станува збор за Ж.А.(34) од ова село во Општината Старо Нагоричане.
Исчезнувањето во Полициска станица Куманово го пријавил нејзиниот сопруг Њ.А.(45) вчера околу 14 часот, откако не успејал да ја пронајде кај нивните роднини и пријатели.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на жената.