Исчезнало 16-годишно момче од Куманово
30.04.2024 17:29
| KumanovoNews
Шеснаесeтгодишно момче од Куманово сместено во установа за згриживање на деца во Скопје, вчера е пријавено за исчезнато.

„Во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Р.Џ.М.(16) од Куманово, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопшти МВР.