Исчезнатиот кумановец пронајден жив
30.11.2019 10:19
| KumanovoNews
Зоран Марковиќ (64) од Куманово, кој беше пријавен за исчезнат вчера е најден жив во Скопје.

Според информации од неговото семејство, Марковиќ во саботата, откако излегол од неговиот дом паднал на улица и со возило на Итна помош бил пренесен во болница во Скопје. Бидејќи немал лични документи не можеле да го идентификуваат. Откако случајот го пријавиле во полиција и во медиумите беше објавена неговата слика, вчера ги известиле каде се наоѓа.
Семејството се заблагодарува на сите граѓани кои помигнале Марковиќ да биде пронајден.