×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исчистени речните корита во Куманово

    03.11.2020 13:23 | KumanovoNews

    Исчистени се речните корита и одводните канали во Општина Куманово пред почетокот на зимската сезона.

    Исчистени речните корита во Куманово

    Како што информира Оливер Илиевски, директор на ЈП „Водостопанство Кумановско-липковско поле“, очистени се 5,5 километри речни коритата и половина километар одводни канали, поради што е намалува опасноста од изливање на реките. Интервенирано е на сите критичните точки каде што имало најголеми наноси на смет и шут.

    - Нашите активности во Општина Куманово се однесуваат на чистење на реката Којнарка во должина од 3.000 метри, Кумановка која секоја година ја расчистуваме околу 1500 метри и реката Пчиња во должина од околу 1000 метри. До крајот на годината во зависност од висината на средствата коишто ќе ги добиеме, планираме да го исчистиме одводниот канал во населбата Вера Которка и реката Пчиња кај браната на Шупљи Камен, која ќе биде една од поголемите инвестиции во наредниот период, - изјави Илиевски.

     Тој додаде дека е интервенирани и на речните корита во општините Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка.