Истечените пасоши ќе важат до крајот на годината, велат од МВР
16.06.2021 09:20
| KumanovoNews
Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.
„Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи“, соопштива МВР.