Истепале момче во дворот на амбулантата “Перо Чичо“
25.12.2014 13:54
| KumanovoNews
Насилници истепале момче во дворот на амбулантата “Перо Чичо“, додека бил со неговите двајца другари.

Т.Б.(34) од Куманово заедно со уште четири непознати лица, во текот на октомври околу 22.45 часот со автомобил форд мондео дошле во дворот на амбулантата каде седеле три лица. Т.Б. извадил нож и му се заканувал на 22 годишното момче, а потоа заедно со уште едно од непознатите лица му нанеле повреди на главата.
Против Т.Б. е поднесена кривична пријава за насилство.