Италијанскиот амбасадор во посета на Општина Куманово
Амбасадорот на Италија Андреа Силвестри, денеска беше во работна посета на Општина Куманово.

На средба со градоначалникот Максим Димитриевски, разговарале за образовниот процес и изучувањето на италијанскиот јазик во кумановските училишта, како и за инвестиции на италијански компании во Куманово.
„Ги разгледавме можностите за продлабочување на соработката со инвестиции во новата индустриска зона „Новине-Речица“, за која сакаме до крајот на мај да го објавиме првиот повик за продажба на парцелите, каде што може да се гради лесна и незагадувачка индустрија“, кажа Димитриевеки по средбата.
Амбасадорот се заблагодари за пречекот и најави продлабичување на соработката, освен во чевларството и во прехрамбената индустрија.
„Мислам дека од оваа посета ќе почне да се развива тој процес и јас сум сигурен кога ќе заврши ковид-кризата ќе имаме можност за уште поголема соработка“, изјави Силвестри.
Градоначалникот и амбасадорот разговарале и на други теми, кои што се актуелни и во Општината и во државата, а имале средба и со професорите по италијански јазик од општинските училишта.
(С.Н.)