×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Итно вработување на одржувач на парно и хаусмајстор во „Магдалена Антова“, бара Советот на родители

    13.02.2024 12:43 | Оливера Пешевска

    Советот на родители на ООУ „Магдалена Антова“ од населбата Карпош денеска одржа мирен протест, барајќи најитно решавање на проблемот со недостаток на технички персонал, кој би се грижел за загревање и одржување на училиштето.

    Итно вработување на одржувач на парно и хаусмајстор во „Магдалена Антова“, бара Советот на родители

    Се обраќаат до јавноста, надевајќи се дека барем така надлежните ќе се заземат за решавање на овој проблем на училиштето. Досега испратиле дописи и барања до сите институции од локално и национално ниво, но работата не се завршила.

    „Добивме неколку ветувања, но нема реализација. Јас како директор сум и хаус мајстор и котлар, и бравар и водоводџија во училиштето од минатата учебна година, затоа што немаме ни домаќин, ниту котлар. Јас го вклучувам парното, испуштам воздух, не смееме децата да ги оставиме на студено, наставниот процес се одвива непречено. А не смеам тоа да го работам. Но, крајно време е да се решат наједонставните барања- само еден човек треба да вработиме кој би се грижел за одржување и функционирање на училиштето“, истакнува директорот Живко Стојковски.

    За проблемот се запознаени Општина Куманово, Министерството за образование и наука, Министерството за финасии, Просветниот инспекторат. Од почетокот на ова учебна одговорот е дека нема доволно финасиски средства за уште едно вработување.

    Родителите, наставниот кадар и раководството на „Магдалена Антова“ се револтирани поради игнорантскиот однос на одговорните и тоа е главна причина да ја информираат јавноста за проблемите со кои се соочува училиштето.

    „На овој начин, со мирен протест се обидуваме да допреме до пошироката јавност. Ние сме големо училиште, имаме доволен број на ученици, немаме намалување на бројките на новозапишани, па сметаме дека заслужуваме да ни се даде можност нормално да функционираме, за што ни треба само еден, единствен човек“, револтиран е директорот Стојковски.

    Во ООУ „Магдалена Антова“ се запишани 700 деца, немаат проблем со пополнување на паралелките, што е реткост во денешно време кога во многу училишта рапидно опаѓа бројот на запишани ученици и оние кои за прв пат поаѓаат на училиште.