×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ивана Ѓорѓиевска носителка на независната листа за советници „За наше Куманово“

    30.08.2021 07:15 | Сузана Николиќ

    Ивана Ѓорѓиевска, помошник директорка во Основното училиште „Кочо Рацин“ е носителка на независната листа за советници во Советот на Општина Куманово на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

    Ивана Ѓорѓиевска носителка на независната листа за советници „За наше Куманово“

    Ѓорѓиевска има завршено општа и компаративна книжевност во Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,  а работи како училишен библиотекар. Досега не била политички експонирана.

    Кандидат за независен градоначалник на истата листа е актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој најави дека носителка на листа ќе биде жена.

    „Жена којашто ќе даде свој допринос во иднина да се развива и правото на понежниот пол, а воедно и да се задржи еден тренд во нашиот град каде што жените секогаш имале еднакви можности со нас мажите“, кажа Димитриевски на неговата промоција.

    Тој со носителката на независната советничка листа завчера попладне симболично се потпишале како илјадити потписници на граѓанската иницијатива за кандидатури на претстојните локални избори.