Ивана Младеновска нов портпарол на СВР Куманово
19.03.2021 15:45
| KumanovoNews
Ивана Младеновска, дипломиран новинар, назначена е за нов портпарол на СВР Куманово.

„Ова е за мене нов предизвик, но сепак останувам донекаде во својата професија, сега како претставник на институција. Бидејќи многу добро ја знам работата на новинарите, секогаш ќе бидат тука за навремена и точна информација во инетерес на граѓаните“, изјави Младеновска за Кумановоњуз.
Таа работеше како новинар во редакцијата на порталите „Кумановоњуз“ и „Куде“, и телевизијата „К3“.
Од 2019 година работи во СВР Куманово, како самостоен советник во Одделението за односи со јавност.