Избирачкиот список на јавен увид
Граѓаните од денеска можат да извршат увид во избирачкиот список, кој е ставен на јавен увид.

Увидот ќе трае до деветти септември во подрачните општински единици на ДИК, а достапен е на интернет на веб-страницата на Државната изборна комисија, за одржувањето на локалните изброи во октомври.
ДИК донесе заклучок дека 11.346 лица се надвор од избирачкиот список по неколку основи, односно дека 7.107 лица немаат живеалиште, починале 1.388 лица, одземена деловна способност на 284 лица и слично. Според ДИК, повторно ќе се проверуваат сите лица, бидејќи бројот на гласачите од МВР и Државниот завод за статистика не се совпаѓа.
Избирачкиот список моментално брои еден милион, осумстотини дваесет и седум илјади четиристотини седумдесет и три гласачи.