×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Избори на 15 јули, изборната кампaња почнува на 24 јуни

    16.06.2020 08:47 | KumanovoNews

    Најголемите политички партии во државата ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вчера постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули, а изборната кампања ќе започне на 24 јуни.

    Избори на 15 јули, изборната кампaња почнува на 24 јуни

    Гласањето ќе се одржи на 15 јули (среда) кој ќе биде прогласен за неработен ден, со почеток во 7 часот, а изборниот ден ќе биде продолжен за два часа, односно гласањето наместо до 19 часот ќе трае до 21 часот. При гласањето ќе мора да се запазат сите мерки пропишани од страна на здравствените институции, за заштита од коронавирусот.

    Согласно донесената уредба од страна на Владата за предвремените парламентарни избори изборната кампања ќе започне на 24 јуни 2020 година и ќе трае 20 дена.

    На 13 јули 2020 година гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

    На 14 јули 2020 година гласаат немоќни и болни лица согласно член 111 од Изборниот законик, како и хронично болните лица и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.

    Исто така, Министерството за здравство, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, обезбедува заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.

    Молкот пред одржување на изборите  ќе настапи на 12 јули (недела по полноќ).