×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изборите ќе се одржат на 5 јули, кажа Спасовски во Куманово

    31.05.2020 11:08 | KumanovoNews

    Вонредните парламентарни избори ќе се оддржат на 5 јули, објави премиерот Оливер Спасовски од Куманово.  По завршувањето на вонредната состојба од 14 дена, се исполнива законскиот рок од 22 дена до изборите.

    Изборите ќе се одржат на 5 јули, кажа Спасовски во Куманово

    „Тоа е единствена опција пропишана со закон и не постои друг правен механизам. Ако прецизно се одброи тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули. Било какво пролонгирање не можно ниту од правен, ниту од праведен аспект. Секој термина на избори, кој ќе навлезе во летниот период ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе се спротивстави со правото на летен одмор. Избори на есен се опасна идеја по здравјето на граѓаните и економијата“, рече Спсовски.

    Тој додаде дека ќе биле посреќни доколку датумот се одредувал со политички консензус, но поради тоа нема да дозволат вечни преговори и саботажи од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Со ова ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот за избори се фиксира на 5 јули. Ги повикуваме сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблемот. Изборите се поважни и од кафеаните и од спортските натпревари, славите и веселбите. Ако можеме да пазаруваме со маска, да седиме во ресторан и состанок под маски, тогаш можеме со сугурност и да одиме на избори“, кажа Спасовски.

    Премиерот рече дека Владата не може бескрајно да ја има улогата на извршна и законодавна власт и дека одговорна политика е да се обезбеди работата на сите институции. Тој додаде дека по 5 јули државата ќе добие нов парламентарен состав и нова Влада со целосен легитимитет и со целосна одговорност, кое е важна и од здравствен, економски и демократски аспект.

    Спасовски рече дека нема простор за паника во однос на зголемениот број на заболоени од коронавирус, но вирусот не е потценување и сите треба да се однесуваме одговорно. Според него порастот на бројаката се должи на неодговорното однесување на министерот Наќе Чулев и зголемениот број на тестирања, а за сите прекршители на мерките побара да се спроведат санкции.

    Премиерот најави дека многу скоро се очекува отворање на границите, откако одлуката ќе ја усогласат со соседните земји.