Мени

Изборниот материјал стигна во ОИК

10.04.2014 13:54 | KumanovoNews

Во Општиска изборна комисија денеска е донесен изборниот материјал за првиот круг на претседателските избори.

Изборниот материјал стигна во ОИК

 Имаме обврска да го средиме материјалот и до петок целосно да го подготвиме. Во сабота материјалот ќе го предадеме на 167 избирачки одбори каде ќе има гласање - вели Виолета Арсовска, претседател на ОИК.

Во недела е првиот круг од претседателските избори на кои кандидати за претседател се Ѓорѓе Иванов, Стево Пендаровски, Илјаз Халими и Зоран Поповски.