Изгаснат пожарот во липковско
05.08.2023 10:18
| Сузана Николиќ
Ноќеска е изгаснат пожарот во липковското село Слупчане.

„Благодарение на пожртвуваната и храбра акција на кумановските пожарникари со поддршка на локалното население, околу полноќ пожарот во липковско беше локализиран. Во овој момент нема пожар, но поради опасност од повторна појава и ширење на пожарот екипа на ТППЕ Куманово се наоѓа на терен“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарот избувна вчера попладне на потегот помеѓу липковските села Слупчане и Ваксинце и зафати појас од околу 300 метри. Пожарот се ширеше кон селото Алашевце, и имаше опасност да ја зафати боровата шума.