Изгоре „ауди“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“
01.03.2023 13:45
| KumanovoNews
Во Кумановската полиција било пријавено дека на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на 22- годишно лице од Куманово.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.