Изгоре „ауди“ во Куманово
14.07.2023 13:22
| Сузана Николиќ
Во Кумановската полиција ноќеска на полноќ било пријавено дека на улицата „Страшо Пинџур“ Куманово било опожарено патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(44) од Куманово.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.