Изгоре автомобил на кумановец
09.11.2022 12:28
| KumanovoNews
Во Кумановската полиција синоќа во 20.40 часот било пријавено дека на улица „Гоце Делчев" во Куманово настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „фиат пунто" со кумановски регистарски ознаки.

„Автомобилот е во сопственост на 25-годишен жител на Куманово“, соопшти СВР Куманово.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната единица во Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на настанот.