Изгоре автомобил на „Никола Тесла“
05.01.2021 12:01
| KumanovoNews
Автомобил се запали и изгоре на улицата „Никола Тесла“ во Куманово.

Според информацијата од Противпожарната единица, возилото се запалило во 18.30 часот.
На терен излегла противпожарна екипа и го изгаснала пожарот во 19.35 часот.
Матерјалната штета и причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.
(Фото.архива)