Изгоре автомобил на улицата „Моша Пијаде“
20.02.2023 21:21
| Сузана Николиќ
Ноќеска во 01.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Моша Пијаде“ настанал пожар во паркирано возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки.

Возилото е во сопственост на 34-годишен кумановeц. Екипа од противпожарната единица Куманово го гаснела пожарот до 2.30 часот со едно возило и 5 пожарникари.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот. Се утврдуваат причините за опожарување на возилото.
(Фото. архива)