Изгоре дел од куќа во населбата Карпош
Во голем пожар вчера изгоре дел од куќа на улицата 203, во близина на поранешниот салон на НАМА во населбата Карпош.

Како што соопштуваат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ), пожарот кај нив бил пријавен во 13.15 часот од сопственикот С.С.
- Кога стигневме на лице место гореше струјомерот, не знаеме дали пожарот настанал од него или пак се проширил од друго место и зафатил една од собите, која целосно изгоре. Интервениравме со две возила и 6 пожарникари, а пожарот е изгаснат во 15 часот. Направена е голема матерјална штета. Причина како и висина на штетата допрва ќе се утврдуваат, - информира Деан Илиевски, командир на Противпожарната единица Куманово.
Тој додава дека од почетокот на годината до сега имале 85 интервенции на гаснење пожари, што е огромен број во однос на другите години во зимскиот период.
(фото-архива кумановоњус)