Изгоре камион на „Биљановска“
24.03.2022 11:04
| KumanovoNews
Во СВР Куманово било пријавено дека вчера попладне на ул.„Биљановска“ во Куманово настанал пожар во товарно моторно возило „там“ без регистарски ознаки, сопственост на М.В. од Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.