Мени

Изгоре комбе во Никуљане

17.10.2025 18:22 | KumanovoNews

Вчера во 13:34 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 12:30 часот во дворот на семејна куќа во село Никуљане, општина Старо Нагоричане, избувнал пожар.

 

Изгоре комбе во Никуљане

Во пожарот целосно изгорело патничко возило – комбе „Даеву“ со кумановски регистарски таблички, сопственост на 73-годишниот Д.К. од Куманово.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Повредени лица нема.