Изгоре куќа на улица „Осогово“
12.10.2019 07:03
| KumanovoNews
Во голем пожар синоќа изгоре куќа на улицата „Осогово“ во Куманово, која се наоѓа зад Кумановската болница.

Пожарот избувнал околу 22.45 часот, а локализиран е 15 минути по полноќ.
Според очевидци, пожарот најверојатно бил предизвикан од запалена стара пластика на приземјето на куќата, па се проширил и на кровот. Постоело опасност да ги зафати и другите куќа, кои се залепени до неа.
Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово информираат дека интервенирале на запалена семејна куќа во време од 22:45 до 00:15 часот, со 3ПП возило и 5 пожарникари.
Причината и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.