Изгоре куќа во Режановце, сопственикот префрлен на скопските клиники
28.03.2022 10:22
| Сузана Николиќ
Во голем пожар изгоре куќа во кумановското село Режановце.

Според МВР пожарот настанал синоќа околу 18 часот во куќа сопственост на Д.С.(34).
„Куќата целосно изгорела, а од пожарот Д.С. се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово“, соопштува МВР.