Мени

Изгоре „мерцедес“ на патарината Романовце

15.06.2023 10:51 | Сузана Николиќ

На наплатна рампа Романовце, на автопатот Куманово-Скопје, вчера околу 13 часот настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на кумановец. 

Изгоре „мерцедес“ на патарината Романовце

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. 

Извршен е увид од екипа на кумановската полиција, по што ќе се утврди причината за несреќата и матерјалната штета.