Мени

Изгоре плевна во Пчиња

04.03.2014 09:36 | KumanovoNews

Во голем пожар вчера изгоре плевна во селото Пчиња.

Изгоре плевна во Пчиња

Пожарот избувнал околу 10.30 часот, и го зафатил сеното кое било складирано во објектот. Огнот се проширил  и на кровот.

Сопствениците побарале помош од противпожарната единица, при што било интервенирано, и во 12 часот огнот бил ставен под контрола. Причините за пожарот и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.