Изгоре помошен објект и сено на Железничка станица
31.12.2019 08:20
| KumanovoNews
Во голем пожар синоќа изгоре помошен објект и слама во населбата Железничка станица.
Пожарот избувнал околу 17 часот, а пожарникарите го изгаснале до 20.30 часот. Предизвикана е матерјална штета, повредени нема.
Втората интервенција била на запален оџак на ул.Косовски бригади. ТППЕ интервенирала со 1 возило и 2 пожарникари од 17.55 до 20 часот, кога пожарот бил изгаснат.

