Изгоре просторија во Народна техника во Куманово
Во пожар вчера изгоре дел од објектот на Народна техника, кои се наоѓаат на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово.

„Се интервенирало во периодот од 14.55 до 17.10 часот со едно возило и петмина пожарникари. Изгорена е внатрешна просторија, апарат за фото- развивање на слики, вентилатор, електрична инсталација, плафон и дел од кровна конструкција. Постои материјална штета, која допрва ќе се утврдува“, вели командирот Деан Илиевски.
Изгорената опрема е на Фото клубот „Козјак“. Тие се благодарни што пожарникарите многу брзо интервенирале, и пожарот го изгаснале со минимална штета, од она што можеле да го видат.
„Темната комора, поточно лабораторија ја користиме во склоп на Школа за фотографија, барем еднаш во годината. Но, во послендите неколку години не одржуваме обуки, затоа што не можеме да најдеме, тешко се достапни добри материјали за да се одржи курсот за аналогна фотографија. Последен пат е работен тој курс пред неколку години- Милош Нешковски, претстедател на ФКК Козјак Куманово.
Пожарот е пријавен од вработените во Црквата „Свети Троица“, која се наоѓа зад објектот. Увид направила екипа на СВР Куманово, а истрагата ќе покаже која е причината за пожарот.