×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изгореа две куќи-лепенки во населбата Циглани

    08.11.2020 09:21 | KumanovoNews

     Две куќи лепенки изгореле ноќеска во голем пожар на улицата Никола Тесла бр. 11, во населбата Циглани.

    Изгореа две куќи-лепенки во населбата Циглани

    Од Територијалната противпожарна едниница (ТППЕ) Куманово, информираат дека во текот на изминатата ноќ кај м.в. Циглана бележат интервенција на две опожарени куќи од 2 часот до 4 часот по полноќ со 2ПП возила и 6 пожарникари.

     Од семејството Илиевски кажуваат дека пожарот зафатил три куќа, првата каде избувнал пожарот изгорела до темел, на нивната изгорел кровот и таванот, а во третата е зафатена само една просторија.

    - Кога се запалила куќата на соседот дома беше само мојот сопруг, кој има здравствени проблеми. Додека јас да дојдам соседите ја скршиле вратата за да го извадат, инаку ќе се угушел во чадот. Веднаш почнале да гаснат и повикале пожарна, но кога дошло пожарното возило цревото им било скинато и повикале друга цистерна, но додека таа да дојде огнот се прошири на нашата куќа. Целосно изгоре кровот и таванот падна, ѕидовите на собите и целата покуќнина е уништена од водата. Останавме без се она што го создававме со години, - вели Јадранка Илиевска, која е во шок и се уште не може да поверува што им се случило.

    Таа кажува дека на терен не сакала да излезе екипа на Брза помош, и покрај тоа што на повеќе луѓе им се слошило и има човек со мозочен удар, со објаснување дека има корона.

    Утринава увид извршиле екипи на полицијата, а соседите и пријатели дошле да им помогнат да ги расчистат остатоците од изгорената куќа.   

    Причина за пожарот како и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува од надлежните.