Изгорел камион на „Македонија пат“ додека чистел снег во липковско
Камион на „Македонија пат“ синоќа се запалил додека чистел снег во општина Липково. Пожарот настанал околу 22 часот на патот Слупчане – Белановце.

„Во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во с.Алашевце, општина Липково, на патот Слупчане – Белановце, настанал пожар во товарно моторно возило сопственост на „Македонија пат“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема“, соопштува МВР.
Од ТППЕ Куманово велат дека на интервенцијата во с. Алешевце на запалено возило - камион била во периодот од 22,42 до 00,25 часот, а учествувале со едно противпожарно возило и 4 пожарникари.
(фото.архива)