Изградба на откупен земјоделски центар во Куманово, најави Слаѓана Антиќ, кандидатка за советничка od СДСМ
Една од најважните и најконкретни иницијативи во нашата програма е изградба на oткупен земјоделски центар во Куманово, најави Слаѓана Антиќ, кандидатка за советничка во Советот на Општина Куманово од СДСМ и коалицијата.

„Куманово отсекогаш било место на вредни луѓе, луѓе кои создаваат род и заслужуваат фер можност тој род да биде продаден по достоинствена цена. Овој проект опфаќа: изградба на простори за прием и сортирање производи, складишни капацитети со современи системи за чување и конзервација, административен дел за управување и техничка поддршка, логистички капацитети за дистрибуција и транспорт, обезбедување инфраструктура за лабораториски контроли и квалитетни простории за обука и едукација на земјоделците“, кажа Антиќ.
Според неа, планираниот рок за завршување на овој проект е од 24 до 36 месеци со фазна реализација. Буџетот за реализација изнесува 30.000.000 денари, во кој се вклучени материјали, изведба и технички надзор.
„Со овој откупен центар создаваме сигурен пласман за земјоделските производи, го поттикнуваме локалниот економски развој и ја зголемуваме вработеноста- особено меѓу младите и жените од руралните средини. Се бориме за Куманово да биде место каде што секој труд се вреднува, а земјоделците добиваат поддршка, не ветувања“, додаде Антиќ.