Изградбата на современа инфраструктура не познава препреки, кажа кандидатот за пратеник Костовски
Градежната офанзива продолжува и во новата нормала. Капиталните градби продолжуваат и во вонредните услови во кои живееме. Се гради низ целата држава, низ сите региони. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период, рече кандидатот за пратеник на СДСМ Мартин Костовски.

Тој додаде дека се изградиле 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 900 км локални патишта, а рехабилитини се повеќе од 1500 км постоечки патни правци.
„Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој. Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти. Но го поправивме тоа, и не запираме додека не изградиме современа држава. Капиталните инвестиции ги вложуваме во иднината. А иднината е зелена, самоодржлива и енергетски ефикасна. Иднината е паметна. Ова е сериозен, чесен и одговорен пристап. Градиме домаќински за сегашните и идни генерации. Покажавме дека можеме и умееме. По 15 јули ќе покажеме дека можеме уште подобро, можеме уште повеќе“, - додаде Костовски.