×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изградено детско игралиште во селото Режановце

    05.10.2019 13:45 | KumanovoNews

    Во село Режановце, денеска беше пуштено во употреба детско игралиште, трето од вкупно 15 кои се градат од донации на членовите на општинската организација на СДСМ.

    Изградено детско игралиште во селото Режановце

    Игралиштето се наоѓа до подрачното основно училиште „Толи Зордумис“, а освен учениците ќе можат да го користат и сите други деца од Режановце.

    „Во разговорот со претседателот на месниот одбор утврдивме дека на децата од село Режановце им недостига детско картче, па го изградивме со цел и овие дечиња да ги имаат условите  како во градот. Се надевам дека ја постигнавме целта и со среќа нека им е игралиштето на нашите најмали сограѓани“,-рече претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски.

    Костовски најави дека изградбата на детските игралишта продолжува и во населбата „Иго Тручковиќ“, а потоа и во „Гоце Делчев“, а доколку дозволат временските услови, изградбата на сите 15 детски игралишта планираат да ја завршат до крајот на месецот.