Излетал од патот и се здобил со тешки повреди
27.08.2023 11:58
| Жаклина Цветковска
Возач бил тешко повреден кога со автомобил излетал од коловозот на магистрален пат А-2 во село Псача, општина Ранковце.

На 26.08.2023, патничко моторно возило ,,фиат панда“ со кривопаланечки регистерски ознаки, управувано од С.Т.(70) од село Опила, општина Ранковце, излетало надвор од коловозот.
По несреќата возачот e пренесен во Здравствен дом -Крива Паланка каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.